Јорданка Черепналкова Трајкоска, координаторка на СОС телефонот 02, 2465316 и 070 390362
Јорданка Черепналкова Трајкоска, координаторка на СОС телефонот, на денешната пресконференција на Меѓаши истакна дека наголемиот број лица кои се јавиле на телефонската линија живеат во урбана средина, како и дека најголем дел од нив или 80 проценти се Македонци. За разлика од пред триесеттина години кога е и воспоставена оваа линија, Черепналкова Трајкоска, вели дека сега речиси и воопшто да не се јавуваат деца кои би реагирале за одредени повреди на нивните права, туку тоа го прават некои нивни блиски или засегнати. Кога се отвори линијата јас бев волентер и тогаш се јавуваа само деца. Тоа беше првата таква линија и имаше многу јавувања. Со текот на годините се намалува бројот и на јавувања, но и на децата кои се јавуваат, можеби поради тоа што се отворени и други линии, се зголемени можностите или поради тоа што одредени проблеми се средиле или можеби други се отвориле, рече Черепналкова Трајковска, нагласувајќи дека можеби другиот тип на проблеми оставил можност возрасните да им го земат местото
|
|